Додека целиот свет е во карантин стравувајќи од коронавирусот Викторија и Дејвид Бекам одлучија да купат нов луксузен имот, а станува збор за луксузен апартман во позната зграда во Мајами.
Станува збор за стан со пет спални соби, базен, но и хелиодром на врвот на зградата, за кој издвоиле неверојатни 21,6 милиони евра.
Бекамови првпат ја погледнале зградата и станот уште минатото лето, а апартманот ги воодушевил „на прва поглед“, а го купиле сега – само неколку месци откако во целост е завршен.
Новиот стан се наоѓа во зграда со 62 спрата, висока 215 метри, што ја прави највисоката зграда во Мајами. Станува збор за зграда со луксузни и приватни станови со голема квадратура.
За станарите на врвот на зградата постои и заеднички базен, како и спа центар, фризерски и козметички салон, барови и дел за сончање.
Ова е само еден во низата од нивните скапоцени недвижности, во кои спаѓа и вилата во Лондон, како и домот во Котволдс, кои исто така чинат неколку милиони евра.