КАЈ МЛАДЕНОВЕЦ УБИЕНИ НАЈМАЛКУ 8 ЛИЦА, А НАЈМАЛКУ 13 СЕ РАНЕТИ Убиецот опколен, но одбива да се предаде?

Српските власти велат дека најверојатно се работи за терористички акт. Состојбата на теренот ноќеска беше хаотична.

5,114

Вестите за престрелката што се случила доцна синоќа (четвртокот, 4 април) вечерта кај Младеновац, Србија, се крајно загрижувачки.

Во престрелката кај селото Дубона загинале најмалку 8 лица, а најмалку 13 се ранети. Meѓу нив има и деца. Според извори на српскиот портал Курир, убиецот застрела и три свои роднини, а во едно село пукал и кон група од дваесеттина деца.






Најмалку 8 од ранетите се префрлени во Ургентниот центар во Белград, каде што ноќеска имаше големо присуство на полицијата.

Српските власти велат дека најверојатно се работи за терористички акт.

Според некои информации, младиот Урош Б. (21) по кого е распишана потерница, е опколен, но одбива да се предаде.

На теренот има специјални единици на српското МВР, но според ноќешните извештаи на медиумите, ситуацијата е прилично хаотична.

Медиумите јавија дека 7 од повредените се во критична состојба, а во операционите сали биле 6 лица. Тоа значи дека бројот на жртвите може да порасне.

Засега официјално не се познати мотивите за инцидентот, но медиумите шпекулираа дека на пукотницата ѝ претходела расправија во училишниот двор во Дубона.

Според неофицијални информации, конфликтот меѓу еден полицаецот и убиецот започнал во училишниот двор, но убоецот се скарал со неколку лица, по што отишол дома и се вратил со автоматска пушка и отворил оган.

Како што се уште се шпекулира, насилникот при неговото бегство пукал и во соседните места.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Повеќе српски медиуми објавија и фотографија од Урош Б. Тоа е оваа фотографија:

 

Поврзани содржини