ИЗВОЗОТ ВО ФЕВРУАРИ ПОРАСНАЛ ЗА 12% СПОРЕДЕНО СО ИСТОТ МЕСЕЦ ЛАНИ Ова е охрабрувачки податок, вели Мицкоски

Тоа се однесува на првите два месеци, а сега ќе видиме како ќе бидат следните месеци, март, април. Во зависност од тоа колку ќе биде длабока кризата, така и ние ќе се однесуваме практично - рече Мицкоски.

17

Пораст на извозот во февруари е за отприлика 12% поголем, споредено со претходната година – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на бројките кои го покажуваат извозот во државата и каков тренд се очекува во наредниот период.

– Државниот завод за статистика вчера објави еден податок којшто е, би рекол охрабрувачки, но тој е за првите два месеци, за јануари и февруари, пред да почне кризата. Практично, во февруари се нивелираше тоа што се пропушти во јануари, поради протестот на превозниците. Имаме пораст на извозот во февруари за 12 отприлика проценти во евра, споредено со претходната година. И отприлика 10% увозот е зголемен во евра, споредено со истиот период од минатата година. Или ако се земат првите два месеци, отприлика и извозот и увозот растат со истата динамика од 2,4%. Што значи дека немаме намалување како што постоеше стравувањето, туку имаме зголемување. Но тоа се однесува на првите два месеци, сега ќе видиме како ќе бидат следните месеци, март, април. И во зависност од тоа колку ќе биде длабока кризата, така и ние ќе се однесуваме практично – рече Мицкоски.

Поврзани содржини