Извозот лани падал за 7,7 отсто

Во периодот јануари-декември 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

141

Извозот на стоки од земјава во текот на минатата година забележал пад од 7,7 отсто во однос на тој период претходната година, објави Државниот завод за статитика (ДЗС).

Според ДЗС, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-декември 2020 година, изнесува 6 милијарди и 633.216.000 американски долари. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 милијарди и 709.485.000 американски долари, што е за 7,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, пак, во периодот јануари-декември 2020 година, изнесува 2 милијарди и 75.269.000 американски долари.






Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари-декември 2020, изнесува 76,1 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека најмногу минатата година сме извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникел. Во 2020 година во земјава најмногу се увезувале платина и легури на платина, необработени или во прав, нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатовалани производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари-декември 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Поврзани содржини