Извозниците на средба со креаторите на политиките

Од Стопанската комора укажуваат дека потребни се максимални напори на тешко преговарање за да се дојде до најдоброто решение затоа што работите се менуваат од час во час.

213

Заедничко утврдување на клучните приоритети за што поуспешно справување на македонската економија со тековните состојби имаат за цел серијата состаноци што денеска и утре ги организира Стопанската комора на Македонија меѓу компаниите – најголеми извозници со директорот на Царинската управа, како и на претседателите на здруженијата според дејности со креаторите на економските политики.

Од Стопанската комора укажуваат дека потребни се максимални напори на тешко преговарање за да се дојде до најдоброто решение затоа што работите се менуваат од час во час.






Тие бараат на стопанските субјекти јасно и недвосмислено да им се предочи дека со сите средства кои стојат на располагање државата на краток рок ќе го сочува бизнисот и компаниите, за тие да ја сочуваат неа на среден и долг рок.

Втората работа што според Стопанската комора треба да се нагласи во овој момент е дека не треба да има недообјаснети формулации и јасно треба да се каже дека ќе се употреби сѐ за совладување на оваа огромна опасност и по нашите животи и по опстојувањето на бизнисот.

Поврзани содржини