„ИЗВОНРЕДЕН ЧОВЕК И СЛАВЕН СИН НА БРАЗИЛСКИОТ НАРОД” И Путин изрази сочувство по повод смртта на Пеле

„Имав задоволство лично да комуницирам со овој извонреден човек и секогаш ќе се сеќавам на него", додаде Путин.

273

Рускиот претседател Владимир Путин го изрази своето сочувство до бразилскиот народ по повод смртта на фудбалската легенда Пеле, нарекувајќи го „извонреден човек и славен син на бразилскиот народ”, соопшти денеска Кремљ.

„Благодарение на неговиот талент, неговите уникатни вештини, неговата фасцинантно убава игра, фудбалот стана омилена игра на милиони луѓе ширум светот, вклучувајќи ја и Русија”, напиша Путин во телеграмата со сочувство до бразилскиот претседател во заминување Жаир Болсонаро.






„Имав задоволство лично да комуницирам со овој извонреден човек и секогаш ќе се сеќавам на него”, додаде Путин.

Пеле почина вчера во болницата во Сао Паоло на 82-годишна возраст.

Поврзани содржини