ИЗВЛЕЧЕНО МАШКО ТЕЛО ОД ОХРИДСКО ЕЗЕРО Лекарите не констатирале траги на насилство
Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство - информираат од СВР Охрид.
Вчера околу 10 часот во СВР-Охрид пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, кај комплексот „Св.Наум“, забележано е безживотно машко тело.
– Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство – информираат од СВР Охрид.
Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде што денеска ќе биде извршена обдукција.
СВР-Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот.