ИЗВЛЕЧЕНО Е ВОЗИЛОТО ОД ВАРДАР КАЈ РАШЧЕ Извадени се телата на 3 лица се трага по уште едно

Несреќата беше пријавена во СВР Скопје во 16 часот  и како што соопшти МВР претходно на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар. 

2,567

Извлечено е возилото кое попладнето излета во Вардар во близина село Рашче и од него се извадени телата на три лица. Потрагата по можно четврто исчезнато лице продолжува, соопшти вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Претходно МВР информираше дека случајни минувачи  донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје и е во стабилна состојба.






Во извлекувањето на автомобилот беше вклучена екипа на САЕ Тигар. На местото на настанот се присутни јавен обвинител, полициски и екипи на Итната помош и локални жители.

Несреќата беше пријавена во СВР Скопје во 16 часот  и како што соопшти МВР претходно на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар.

Поврзани содржини
na