Европски парламент: Политичарите да договорат датум за избори

212

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучуќ, ги повика партиите во земјава да изнајдат заеднички прифатлив датум за избори, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Сметам дека сите политичките чинители во Северна Македонија треба да најдат датум за изборите. Најважно е да се организираат слободни, фер и инклузивни избори, со целосно почитување на безбедносните здравствени протоколи, со цел да се конституираат целосно функционални институции, за да можат да се справат со кризите поврзани за kовид-19 и претстојните преговори со ЕУ – напиша Ќучук на Твитер.

Поврзани содржини