Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа најави 36-часовен полициски час, со цел да ги спречи Израелците да одат на шопинг и на свечени вечери во текот на последните два дена од празникот Пасха.
За време на полицискиот час од денеска во 17 часот до 5 часот во четврток, „задолжително е да се остане во рамките на своите градови и заедници“, им рече тој на граѓаните во телевизиско обраќање.
– Предупредувам против опуштање – рече Нетанјаху, повикувајќи ги Израелците да продолжат сериозно да ги сфаќаат забраните на Министерството за здравство, кои имаат за цел да го запрат ширењето на коронавирусот.