ИЗРАЕЛСКИОТ ПРЕМИЕР И ЛИДЕРОТ НА ХАМАС ЗАД РЕШЕТКИ Меѓународниот суд бара налог за апсење на Нетанјаху и на Синвар
Постојат разумни основи да се верува дека израелскиот премиер Нетанјаху сноси кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото - рече обвинителот на Меѓународниот суд на правдата.
Меѓународниот суд на правдата побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за наводни воени злосторства. Воедно, судот бара да се стави зад решетки и лидерот на палестинската воена група Хамас, Јахја Синвар.
– Постојат разумни основи да се верува дека израелскиот премиер Нетанјаху сноси кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото – рече обвинителот на Меѓународниот суд на правдата.
Судот бара налог за апсење и на лидерот на Хамас , Јахја Синвар.