🎥 ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИЦИ ВО ГАЗА ПАЛАТ ЗАЛИХИ СО ХРАНА, А НАСЕЛЕНИЕТО ГЛАДУВА Видеото со вандалскиот чин го згрози светот

Видеото се појавува додека населението во Газа се соочува со глад бидејќи не е дозволено да влезе помош и илјадници луѓе се соочуваат со тешки услови за да стигнат до основна храна и чиста вода.

950

Израелски војници палат залихи на храна и вода во Шејаја во Газа на, како што ја нарекоа прославата на еврејскиот празник Ханука. На видеото што се прошири на социјалните мрежи и во светските медиуми се гледаат снимки од војниците како во камион ги палат залихите со храна и вода и се смеат додека порачуваат дека нема да задржат ништо за добавувачите.

Видеото се појавува додека населението во Газа се соочува со глад бидејќи не е дозволено да влезе помош и илјадници луѓе се соочуваат со тешки услови за да стигнат до основна храна и чиста вода.






Камионот од видеото е со палестински таблички, пишува Скај. Војникот на видеото вели дека тие се во населбата Шејаја во северна Газа и дека видеото е снимено во саботата, на вториот ден од еврејскиот празник Ханука. Тој додава дека окното на тунелот на Хамас е снимено во близина.

На друго видео, војник е снимен во палестинска продавница за детски играчки. Таму зема предмети од полиците, вели дека веќе ги нема на залиха, а потоа ги фрла и ги уништува.

Израелската војска (IDF) изјави за Скај њуз дека презела одредени дејствија и дека ќе преземе дисциплински мерки против војниците вклучени во инцидентот.

Поврзани содржини