📽 ИЗРАЕЛСКИ ТЕНКОВИ ВЛЕГОА ВО ГАЗА Објавена снимка како убиваат семејство што се обидува да избега

Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) контраадмирал Даниел Хагари изјави дека војската продолжува постепено да навлегува во Газа како дел од копнената операција и дека „војната се одвива според планот“.

871

Се засилува интензитетот на израелската офанзива во Појасот Газа. Израелски тенкови денеска влегоа во кварт на периферијата на градот Газа, прекинувајќи ја главната патна врска меѓу северот и југот на истоимената палестинска територија, јави АФП, повикувајќи се на очевидци, пренесува Тајмс оф Израел.

Според цитираните извори, тенковите стигнале до влезот на квартот Зајтун.






– Го пресекоа патот Салахедин и пукаат во секое возило што се обидува да оди по него – рече еден жител на Газа.

Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) контраадмирал Даниел Хагари изјави дека војската „продолжува постепено“ во Газа како дел од копнената операција и дека „војната се одвива според планот“.

Тој, исто така, предупреди дека активностите ќе „ескалираат“ и дека војниците се ставени во „висока готовност“ долж северната граница

– Нашите активности и операции ќе продолжат и ќе ескалираат согласно фазите на војната. Ова е проширена копнена операција во Појасот. Копнените сили, тенковите, пешадиските сили, оклопните сили се движат кон терористите – изјави Хагари, пренесува Скај њуз.

Портпаролот на ИДФ соопшто дека има директен судир на израелските сили со терористите на Хамас и дека борбите се водат внатре во Појасот Газа.

– Терористите се групираа во одредени области за да се обидат да ги таргетираат нашите сили, а ние ги нападнавме од воздух, така што успеавме да нападнеме и да целиме на 20 терористи. Има директен контакт меѓу копнените сили и терористите. Борбите се водат внатре во Појасот Газа – истакна Хагари.

Бомбардирањето на Појасот Газа дојде неколку часа откако Израел објави слики од тенкови на Западниот Брег на палестинската енклава, што укажува на можен обид за опкружување на главниот град Газа, два дена откако израелската влада нареди проширени копнени упади преку нејзината источна граница.

Новинар во центарот на Газа го снимил моментот кога тенк пукал во автомобил на сред пат.
Јусаф ал-Саифи патувал од југ кон градот Газа кога забележал тенк на патот и почнал да ги предупредува другите.
На снимката може да се види како автомобилот се приближува до земјена бариера, очигледно поставена од булдожер, пред да се сврти и да тргне во спротивна насока.
Додека автомобилот се оддалечувал, тенкот отворил оган.

– Кога сакав да се вратам, видов автомобили кои возеа брзо во мојот правец. Почнав да велам гласно „не оди напред, не оди напред“. Автомобилот што одеше напред не сфати дека има тенк. Продолжи брзо напред и сфати дека има тенк пред него. Тие пукаа во него. Возачот се обиде да се врати назад, со него беше семејство. Го видов семејството во автомобилот. Ги удрија со граната и загинаа. Тоа го видовме со свои очи – сведочи Јусав ал-Саифи.

Министерството за здравство на Газа, под контрола на Хамас, подоцна соопшти дека три лица биле убиени. Скај њуз се обрати до израелските одбранбени сили за коментар.

 

Поврзани содржини