ИЗРАЕЛСКИ ПРОЕКТИЛИ ГО ПОГОДИЈА АЕРОДРОМОТ ВО АЛЕПО Ова е четврто бомбардирање во последните две недели

Официјален претставник на сириското Министерство за транспорт, Сулејман Калил, изјави дека цел на нападот била пистата на аеродромот во Алепо.

573

Израелски проектили денеска го погодија сирискиот аеродром во Алепо, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Тоа е четврти таков инцидент во изминатите две недели.

„Израел ја повтори својата воздушна агресија врз Сирија … со бомбардирањето на меѓународниот аеродром во Алепо“, се наведува во соопштението на невладината организација чие седиште е во Лондон.






Официјален претставник на сириското Министерство за транспорт, Сулејман Калил, изјави дека цел на нападот била пистата на аеродромот во Алепо.

Поврзани содржини