ИЗРАЕЛСКИ НАСЕЛБИ ЌЕ НИКНАТ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА Министерот Чикли ги откри плановите на Израел

Министерот Амихаи Чикли, кој е член на партијата Ликуд на Нетанјаху, предложи да се најдат нови решенија за палестинската територија - Рафах да биде под контрола на Египет, а Кан Јунис под контрола на Обединетите Арапски Емирати.

674

Израелскиот министер за дијаспора и социјална еднаквост, Амихаи Чикли изјави за израелски Инет дека не ја исклучува можноста за формирање израелски населби во Појасот Газа „во одредени делови каде што има смисла“, пренесува Ал Џезира.

Чикли ја обвини палестинската управа (ПА) дека ги едуцира Палестинците „кон терор и убивање Евреи“ и ја отфрли идејата дека владата, која моментално управува со Западниот Брег, може да го замени Хамас во повоена Газа.
Министерот, кој е член на партијата Ликуд на Нетанјаху, предложи да се најдат нови решенија, како Рафах да биде под контрола на Египет, а Кан Јунис под контрола на Обединетите Арапски Емирати.

Поврзани содржини