ИЗРАЕЛСКАТА АВИЈАЦИЈА ГО БОМБАРДИРАШЕ ПРИСТАНИШТЕТО ВО ЛАТАКИЈА Досега се извршени стотици напади на сириската територија од Израел
Израел во изминатите години изведе стотици напади врз цели во делот на Сирија што е под контрола на сириската Влада, но ретко презема одговорност и дава коментари за ваквите свои операции.
Израелски борбени авиони рано утринава истрелаа ракети врз пристаништето во градот Латакија, а во нападот нема жртви, соопшти сириската армија.
Сириските државни медиуми јавија дека неименуван воен претставник изјавил дека неколку ракети го погодиле делот од пристаништето каде се наоѓаат контејнери и дека тие биле зафатени од пожар.
Ретки се нападите на пристаништето Латакија, кое е од витално значење за сирискиот увоз, на земјата разурната од децениската војна.
Сириската државна телевизија јави дека од пристаништето се слушнале пет експлозии и дека избувнал голем пожар, а противпожарните возила брзо успеале да го изгаснат.
Израел во изминатите години изведе стотици напади врз цели во делот на Сирија што е под контрола на сириската Влада, но ретко презема одговорност и дава коментари за ваквите свои операции.
Во претходните напади, цел меѓу другото беше и аеродромот во главниот град Дамаск.