ИЗРАЕЛЦИТЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ НА НЕТАНЈАХУ Само 4% од јавноста верува во неговите информации за конфликтот

Спротивно на тоа, 73,7% веруваат дека портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, е најсигурниот извор на информации за конфликтот, покажува анкетата спроведена од Универзитетот „Бар Илан“.

326

Еврејската израелска јавност има сѐ помалку  доверба во премиерот Бенјамин Нетанјаху, покажува анкетата спроведена од Универзитетот „Бар Илан“.

Помалку од 4% од испитаниците во Израел веруваат дека Нетанјаху е сигурен извор на информации за тековниот конфликт меѓу Израел и терористичката група Хамас. Довербата е налку повисока  6,63% кај десничарските гласачи.






Спротивно на тоа, 73,7% веруваат дека портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, е најсигурниот извор на информации за конфликтот.

Истражувањето е спроведено од Универзитетот „Бар Илан“ заедно со „iPanel“  за првите четири недели од конфликтот. Во анкетата учествуваат 505 Израелци, претставници на еврејското население.

Поврзани содржини