ИЗРАЕЛ УДРИ ПО КАН ЈУНИС И ПО НУСЕЈРАТ Загинаа 6 лица, меѓу нив и 2 деца од исто сеемејство

Портпарол на Цивилната одбрана изјави дека нејзините тимови пренеле во болница најмалку 6 мртви и десетина ранети лица по воздушниот напад врз населбата Амал во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа.

123

Цивилната одбрана во Појасот Газа соопшти дека 6 лица се убиени, меѓу кои и двајца малолетници, во израелските напади изминатата ноќ врз центарот и врз југот на палестинската енклава, каде што Израел го зголемува интензитетот на својата офанзива.

Портпарол на Цивилната одбрана изјави дека нејзините тимови пренеле во болница најмалку 6 мртви и десетина ранети лица по воздушниот напад врз населбата Амал во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа. Меѓу загинатите се 2 деца од исто семејство.






Цел на израелските напади бил и палестинскиот бегалски камп Нусејрат во центарот на Појасот Газа.

Израелската војска досега не ги коментира овие палсестински тврдења.

По двомесечното примирје, Израел ја продолжи офанзивата во Појасот Газа, кој е опустошен од војната и се соочува со катастрофална хуманитарна ситуација.

За време на примирјето, околу 30 израелски заложници беа вратени, од кои осуммина мртви, во замена за ослободување на околу 1.800 Палестинци кои беа држени во израелските затвори.

Израел ја засили офанзивата на 17 мај со цел да го уништи Хамас и да ги ослободи последните преостанати заложници.

Поврзани содржини