ИЗРАЕЛ ПРЕЗЕМА ИТНИ МЕРКИ ЗА СПАС НА СОПСТВЕНАТА ВАЛУТА Продава 30 милијарди долари девизни резерви

Израелската валута ослабе во однос на доларот по упадот на палестинските милитанти од движењето Хамас и сега е на најниско ниво во последните 7 години.

416

Банката на Израел денеска објави дека ќе продаде до 30 милијарди долари девизни резерви за поддршка на домашната валута – шекел.

„Банката во наредниот период ќе работи на пазарот со цел да ја ублажи нестабилноста на курсот на шекелот и да ја обезбеди потребната ликвидност за натамошно правилно функционирање на пазарот“, се вели во соопштението на Централната банка на Израел.






Покрај програмата од 30 милијарди долари, банката додаде дека ќе обезбеди ликвидност на пазарот преку SWAP механизмите на пазарот, во вредност до 15 милијарди долари.

Израелската валута ослабе во однос на доларот по упадот на палестинските милитанти од движењето Хамас и сега е на најниско ниво во последните 7 години.

Поврзани содржини