ИЗРАЕЛ НЕ Е ПРОТЕКТОРАТ НА САД Сами одлучуваме за својата безбедност, вели Нетанјаху

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс пред средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека пред нив се многу тешки задачи - азоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа.

76

Израел не е протекторат на САД, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред средбата со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

– Ние не сме протекторат на САД. Израел е тој што одлучува за својата безбедност – рече Нетанјаху.






Претходно, Венс изјави дека разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа ќе бидат „многу тешки задачи“.

– Пред нас е многу, многу тешка задача, да го разоружаме Хамас и да ја обновиме Газа, да го направиме подобар животот на народот во Газа, но и да се осигуриме дека Хамас нема повеќе да биде закана за нашите пријатели во Израел – рече Венс.

Американскиот потпретседател предвидено е да се сретне и со претседателот на Израел, Исак Херцог.

Венс вчера по пристигнувањето во Израел изјави дека се разгледува кои земји би учествувале во меѓународната мисија распоредена во Појасот Газа. Тој наведе дека се очекува Турција и Индонезија да учествуваат, како и Велика Британија да испрати помал контингент, за да помогне во следењето на договорот за прекин на огнот.

ХАМАС ЌЕ СЕ РАЗОРУЖА ИЛИ ЌЕ ГО УНИШТИМЕ Израел ќе одлучи чија војска ќе го чува мирот во Газа, порача Венс

Поврзани содржини