ИЗРАЕЛ НАПАДНА НУКЛЕАРНИ ПОСТРОЈКИ, ЕЛЕКТРАНА И ЧЕЛИЧАРНИЦИ И ЗА ТОА ЌЕ ПЛАТИ ВИСОКА ЦЕНА Арагчи и Иранската револуционетна гарда најавија одмазда
Две постројки поврзани со нуклеарната програма денеска беа нападнати во Иран, но нема испуштање радиоактивен материјал, соопштија денеска иранските државни медиуми.
Техеран ќе му наплати висока цена на Израел за злосторствата, рече иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, по израелските напади врз две од најголемите челичарници во земјата и врз нуклеарните локации.
„Израел погоди две од најголемите ирански челичарници, една електрана и цивилни нуклеарни постројки, меѓу другата инфраструктура. Израел тврди дека дејствувал во координација со САД“, вели Арагчи во објава на социјалните мрежи.
Иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ), исто така, соопшти дека ќе извршат одмазднички напади.
„Вработените во индустриските објекти во регионот кои имаат американски акционери, како и тешката индустрија сојузник на ционистичкиот режим, веднаш да ги напуштат своите работни места“, соопшти ИРЦГ.
Две постројки поврзани со нуклеарната програма се нападнати во Иран, но нема испуштање радиоактивен материјал, соопштија денеска иранските државни медиуми.
Исламската новинска агенција ИРНА во соопштение на Телеграм наведе дека комплексот за тешка вода Хондаб во северозападниот дел на Иран бил нападнат од американско-израелските сили. Во нападот нема жртви.
Втор напад погодил постројка за производство на „жолт колач“ (yellowcake) во Ардакан, Јазд, при што властите известиja дека нема испуштање на радиоактивен материјал надвор од локацијата, според новинската агенција Фарс.
Според ивештаите, денеска се напади две челичарници, во Исфахан во централен Иран и во Ахваз, во југозападиот дел од земјата. Оштетени се делови од системите за напојување со електрична енергија и една работилница. Во нападот во Исфахан загина едно лице, а двајца се повредени.
Денеска повеќе од 20 цивили загинаа во напади врз станбени области во иранскиот главен град Техеран и во курдската провинција Керманшах.
Во Техеран, 10 жители на станбен комплекс во областа Шахр-е Реј загинаа во ракетен напад, а градот Керманшах, во западниот дел на земјата, беа нападнати повеќе од 10 станбени единици, соопшти канцеларијата на гувернерот, каде се убиени 13 лица се убиени, меѓу кои и две деца.
Иран денеска продолжи со нападите врз заливските држави.
Две пристаништа во Кувајт беа оштетени во нападите. Вооружените сили на Кувајт на Икс објавија дека пристаништата Мубарак ал-Кабир и Шувајх биле погодени од крстосувачка ракета и 4 дрона рано изутрината. Нема извештаи за повредени. Во соопштението се додава дека биле пресретнати 4 „непријателски“ крстосувачки ракети и 3 дрона. Не е јасно дали пристаништата се оштетени од директни погодоци или за време на одбранбените мерки.
Саудиска Арабија, исто така, извести за напади, вклучително и врз главниот град Ријад, кои биле одбиени. Вкупно 16 дронови и две ракети биле пресретнати. Вооружените сили на земјата соопштија дека дополнителни 4 ракети паднале во морето и во ненаселени подрачја.
И Обединетите Арапски Емирати и Бахреин соопштија за напади во кои биле соборени дронови и ракети.