ИЗРАЕЛ ЌЕ ОДОБРИ ЧИИ ВОЈСКИ ЌЕ ГО ЧУВААТ МИРОТ ВО ГАЗА Хамас не е во игра, за Палестинската самоуправа не се знае
Идното управување со Појасот Газа сè уште не е финализирано помеѓу Израел и партнерските земји, вели американскиот државен секретар Марко Рубио, кој е во посета на Израел.
Меѓународните безбедносни сили што ќе бидат распоредени во Појасот Газа според условите на договорот за прекин на огнот ќе мора да бидат составени од земји на кои Израел нема да има забелешки, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио, кој е во посета на Израел.
Тој додаде дека идното управување со Појасот Газа сè уште не е финализирано помеѓу Израел и партнерските земји, но нагласи дека тоа не може да го вклучува Хамас.
Рубио потенцира и оти сè уште не е дефинирана каква било потенцијална улога на Палестинската самоуправа во идното управување со палестинската енклава.