ИЗРАЕЛ ЌЕ ДОБИЕ „ЦРВСТ И БОЛЕН“ ОДГОВОР ЗА НАПАДИТЕ ВРЗ БЕЈРУТ Легитимна цел се и сите бази на САД, се закани Иран

Зеленото светло што САД му го даде на ционистичкиот режим ги претвора американските бази во регионот во легитимни цели, објави претседателот на иранскиот парламент Галибаф.

102

Иранскиот пратеник Ебрахим Резаи најави „цврст и болен“ одговор по денешните израелски напади врз јужните предградија на Бејрут.

„Ќе одговориме цврсто и болно на агресијата на ционистичкиот режим кај Бејрут. Овие бесни кучиња мора да ги дисциплинираме и да ги ставиме на нивното место“ – објави Резаи, кој е портпарол на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент.






Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамед Багер Галибаф во меѓувреме изјави дека Иран е подготвен и за директна конфронтација со САД, ако продолжи израелската офанзива во Либан.

– Зеленото светло што САД му го даде на ционистичкиот режим ги претвора американските бази во регионот во легитимни цели, објави Галибаф на платформата Икс.

Тој посочи дека иранската армија е подготвена да дејствува.

– Ако продолжи израелската агресија против Либан, нема да го прекинеме процесот на преговори туку веднаш ќе се впуштиме во директна конфронтација со непријателот, истакна Галибаф.

Претходно Либанската новинска агенција (ННА) јави дека цел на израелските напади биле два стана во квартот Дахија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека најновите израелски напади се одмазда за нападите на Хезболах врз северниот дел на земјата. Израел утрово идентификуваше најмалку пет проектили лансирани од територијата на Либан.

Хезболах засега не ја презеде одговорноста.

 

 

Поврзани содржини