📽 ИЗРАЕЛ ДВА ДЕНА ГО БОМБАРДИРА ЈУГОТ НА ГАЗА Армијата започнала и со опсежни напади во Либан

Тајмс Оф Израел во четвртокот вечерта напиша дека Израелските одбранбени сили ИДФ започнале „широко распространети“ напади во јужен Либан по налетот на ракети на Хезболах.

165

Најмалку 41 лице загина за време на дводневното израелско бомбардирање на градот Кан Јунис на југот на Газа, соопшти палестинската Црвена полумесечина.

Меѓу жртвите има и „раселени лица кои барале засолниште“ во просториите на Црвената полумесечина.






Израелската армија на социјалната платформа „Икс“ објави дека ја „проширува операцијата во областа Кан Јунис“ во јужниот дел на Газа во својата офанзива против Хамас.

Истовремено, растат стравувањата за нова војна на Израел со Либан. Израел се закани дека ќе одговори на честите напади на милитантната група Хезболах на северот на границата со Либан.

Тајмс Оф Израел во четвртокот вечерта напиша дека Израелските одбранбени сили ИДФ започнале „широко распространети“ напади во јужен Либан по налетот на ракети на Хезболах.

„Хезболах во четвртокот повеќепати лансираше ракети врз северен Израел, предизвикувајќи штета во северниот град Кирјат Шмона, додека ИД изврши широки напади во јужен Либан како одговор“, се вели во текстот.

 

 

Поврзани содржини