„ИЗРАЕЛ ЦЕЛОСНО ЗАГУБИ РАЗУМ“ Ердоган се залага за нов безбедносен механизам
Израел, кој се чини дека целосно загуби разум и дејствува како организација, мора да се сопре што е можно поскоро. Наш главен приоритет е спречување на масакрот што трае веќе 25 дена – истакнува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека мора да се направи пат меѓу Израел и Хамас кон траен мир во Газа, тврдејќи дека има потреба од „воспоставување нов безбедносен механизам во соработка со актерите во регионот“ – пренесува турските државна агенција Анадолија.
– Безбедноста не може да се постигне со пукање и фрлање повеќе бомби врз Газа, пролевање повеќе крв, убивање повеќе деца и уништување повеќе болници, училишта, џамии, цркви и пазари. Веруваме дека Израел, кој се чини дека целосно загуби разум и дејствува како организација, мора да се сопре што е можно поскоро – рече Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека Турција е подготвена да преземе одговорност доколку се воспостави таков безбедносен механизам.
– Наш главен приоритет е спречување на масакрот што трае веќе 25 дена. Нашата цел е да го извлечеме нашиот регион од овој вител во кој е вовлечен. Израелската администрација, со безусловна поддршка на Европа и Америка, прави злосторства против човештвото точно 25 дена пред очите на целиот свет – рече Ердоган, пренесува Анадолија.