ИЗОЛАЦИЈАТА ДА СЕ НАМАЛИ НА 7 ДЕНА Беќаровски предупреди дека на 10 јануари ќе нема кој да работи
Докторот проценува дека ако денес имавме 1.197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште повеќе од 5.000 кои се самотестирани и повеќе од 25.000 недијагностицирани.
Ако уште утре не ги смените протоколите за изолација на контактите со ковид болни и не го намалите времето за изолација на позитивните, на 10 јануари ќе нема кој да работи во државата, ѝ се обрати д-р Нико Беќаровски на Комисијата за заразни болести преку својот профил на Фејсбук.
„Сите ќе бидеме во изолација. Изолацијата на контактите при вака раширен Омикрон е неодржлива и без епидемиолошка оправданост. Задолжителната изолација за позитивните треба да се намали на 7 дена“, смета тој.
Докторот проценува дека ако денес имавме 1.197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште >5.000 кои се самотестирани и >25.000 недијагностицирани.
„Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8 март ќе може пак да играте чочеци“, додава тој.