Изненадувачки снимки од Северна Кореја: Како земјата одговори на странските медиуми за корона-кризата (ВИДЕО)

1,337

Како одговор на извештаите на странските медиуми за епидемија на коронавирусoт и празните полици во продавниците за храна, севернокорејските медиуми објавија снимки од граѓаните на Пјонгјанг кои безгрижно се шетаат во парковите или се на шопинг во продавници кои се добро снабдени, јавува „ВВС“.






Државниот сајт „Северна Кореја денес“ завчера објави триминутно видео, каде можете да се видат купувачи со маски во добро опремени супермаркети и граѓани кои шетаат по улиците со семејството и пријателите.

Иако официјалниот претставник на Пјонгјанг ги негира случаите на луѓе заболени од коронавирусот, странските медиуми емитуваат снимки на кои се укажува дека Северна Кореја се соочува со недостиг на прехранбени производи, поради што граѓаните панично купуваат сè што ќе им дојде при рака.

Поврзани содржини