ИЗНЕНАДУВАЊЕ Групата „АББА“ се враќа на сцената по цели 39 години
Бендот сними пет песни, чие објавување беше одложено поради пандемијата, но беше ветено дека ќе бидат објавени во текот на 2021 година.
Поп групата „АББА“ објави големо враќање на 2 септември, по цели 39 години, а ова е големо изненадување за љубителите на “Mamma mia”, “Dancing queen” “Fernando”, “The Winner takes it all”, известуваат странските медиуми.
Шведскиот бенд утрово започна со нова веб-страница, “ABBA Voyage”, барајќи од фановите да кажат што мислат за нивниот нов проект, со напомена дека известувањата за сè што следи ќе бидат објавени следниот четврток.
Се очекува да биде долга „холографска турнеа“ која „АББА“ првично ја објави во 2016 година.
Бендот сними пет песни, чие објавување беше одложено поради пандемијата, но беше ветено дека ќе бидат објавени во текот на 2021 година.
– Веќе не е прашање дали ќе се случи, бидејќи тоа ќе се случи – рече Бјорн Улвеус, кој е дел од групата, додавајќи дека помеѓу нив и понатаму постои силна врска, поради што повторно ќе звучат како „АББА“ која сите ја сакаат и знаат.
Од петте нови нумери што треба да се објават, две се потврдени „Уште имам верба во тебе“ и „Не ме затворај“.
– Едната од нив е поп мелодија, со нејзе лесно се танцува, додека другата е безвременска и повеќе за размислување. Нордиски тажна, но во исто време и среќна – изјави Бјорн во 2018 година.
Од 1983 година и распадот на бендот „АББА“, обожавателите ширум светот сонуваат за обединување, нови песни и концерти, што според најавите може да се случи наскоро.
Бендот го издаде својот последен албум во 1981 година, а три песни беа објавени во 1993 и 1994 година. Тие станаа глобално познати по победата на Евровизија во 1974 година со песната Vartelo.
„АББА“ е еден од најуспешните бендови на сите времиња и првата група на англиски јазик што направи неверојатен музички пробив во Велика Британија, Ирска, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка и САД.