📽️ „ИЗНЕНАДЕНИ СМЕ ИСТО КАКО И ВИЕ!“ Шолц се придружи на „ТикТок“ и објави необично видео

Одлуката на Шолц го означува и новиот пристап на германската влада, која минатата година покрена загриженост за безбедноста во врска со апликацијата и им нареди на вработените во министерството да ја избришат од уредите поврзани со работата.

908

Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот се приклучи на социјалната мрежа „ТикТок“ под корисничкото име @teambundeskanzler.

Насловот на неговата прва објава гласеше: „Изненадени сме исто како и вие! (И да, канцеларот навистина е на TikTok сега)






Овој потег на социјалните мрежи е поврзан со неговата политичка кампања пред европските избори на 9 јуни и клучните регионални избори во септември во источните германски покраини Бранденбург, Тирингија и Саксонија.

Одлуката на Шолц го означува и новиот пристап на германската влада, која минатата година покрена загриженост за безбедноста во врска со апликацијата и им нареди на вработените во министерството да ја избришат од уредите поврзани со работата.

@teambundeskanzler

Wir sind genauso überrascht wie ihr! (Und ja, der Bundeskanzler ist jetzt wirklich auf TikTok) #Bundeskanzler #Kanzler #OlafScholz

♬ The Funny Bassoon – Eitan Epstein Music

 

Поврзани содржини