ИЗМОРЕНА Е, ЌЕ ГО ПРЕСКОКНЕ МОНТРЕАЛ Тенисерката реши подобро да се подготви за турнирот во САД
Турнирот во Монтреал ќе се одржи од 27 јули до 7 август.
Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, нема да игра на турнирот WTA-1000 во Монтреал, објави „Тенис Канада“.
Дваесет и седумгодишната Белорусинка се повлече од турнирот поради замор.
– Со нетрпение ги очекувам турнирите на тврда подлога во Северна Америка, но за да ги зголемам моите шанси за успех оваа сезона, решив дека е во мој најдобар интерес да го прескокнам турнирот во Монтреал. Ќе ми недостигаат моите прекрасни канадски навивачи и веќе со нетрпение очекувам да ве видам сите следната година. Ви благодарам за разбирањето и поддршката, многу ми значи – објави Сабаленка.
Турнирот во Монтреал ќе се одржи од 27 јули до 7 август.