Измерени 54,4 степени во Калифорнија, луѓето се печат како стек на скара (ВИДЕО)

Иронијата е дека рекордните топлотни бранови годинава ги нападнаа северните краишта: eсеверозападот на САД, северна Европа, Канада и Сибир. Топлото кое долго траеше беше доказ за климатските промени предизвикани од човекот, пишува Гардијан.

663

Ако стек кој се пече на „средно“ на скара гори на 54 до 57 степени целзиусови, во петокот (9 јули) во местото Фурнас Крик во Калифорнија беа измерени неверојатни 54,4 степени!, пренесува Индекс. Не само што ова го руши историскиот рекорд за Долината на смртта од 1913 година, туку и ден потоа во саботата, температурата изнесуваше 54,1 степени Целзиусови. Ако се потврди, тоа ќе биде највисока температура измерена на планетата, велат експертите.

Погледнете го следното видео од France24 кое ги врзува климатските промени со овој скок во температурата.






Ни во текот на ноќта не било под 32 степени во Фурнас Крис. Но, мерењето допрва треба да се потврди.

– Во модерната историја, највисоките температури некогаш измерени со сигурна опрема беа измерени токму во Долината на смртта – изјави Крис Аутлер, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Лас Вегас, за американскиот НПР.

Потврдата за мерењата може да трае подолго од една година. Иако во историските записи се споменува температура од 56,6 степени, измерена на истото место на 10 јули 1913 година, таа бројка никогаш не била официјално потврдена и се смета за неточна од повеќето метеоролози, особено поради температурите измерени истиот ден на околните места.

Најжешко – на север?!

Иронијата е дека рекордните топлотни бранови годинава ги нападнаа северните краишта: северозападот на САД, северна Европа, Канада и Сибир. Топлото кое долго траеше беше доказ за климатските промени предизвикани од човекот, пишува Гардијан.

Никос Кристидис, британски научник, вели дека се спроведуваат студии со кои се пробува да се измери нивото на влијанието на човекот врз климата, но повеќе не е доведено во прашање дали тој ефект постои, туку колкав е тој. Кристидис наведува дека ваквите екстремни временски прилики би биле невозможни во свет чиј климатски систем не е на работ.

– Иако ова се фасцинантни бројки, тие не се научно изненадувачки, но се во согласност со предвидувањата за тоа што ќе се случи во светот – рече Даниел Свен, климатолог од Универзитетот во Калифорнија.

Поврзани содржини