ИЗМАМНИЦИ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА На фудбалери им продавале лажни ковид сертификати

Четири премиерлигаши веќе го потврдија постоењето на ваква измама, која настана како резултат на неподготвеноста на играчите да се вакцинираат.

222

На фудбалери од Премиер лигата им биле понудени документи за вакцинација против коронавирус. Според „Дејли мејл“, измамници отишле кај играчи од Премиер лигата и им нуделе два лажни сертификата на телефон за 1.000 фунти како доказ дека се вакцинирани.

Четири премиерлигаши веќе го потврдија постоењето на ваква измама, која настана како резултат на неподготвеноста на играчите да се вакцинираат.






Некои фудбалери се обратија до медицинскиот персонал на нивните тимови и изразија загриженост за измамата.

Минатата недела Премиер лигата објави дека 68 % од играчите се целосно вакцинирани против коронавирусот, а 81 % примиле најмалку една доза од вакцината.

Поврзани содржини