ИЗЛЕЗНОСТА ВО ЧАИР И САРАЈ ЈА РАЗОЧАРА ЛЕВИЦА Партијата поднела пријави за неправилности

Во овие општини има наводи за поткуп во однос на мотивирање на граѓаните да не излезат на гласањ, што за нас е тешка повреда на изборното право - рече портпаролот на Левица, Круме Богевски.

576

Левица е задоволна од излезноста во урбаните средини во Скопје, но исклучок се како што велат од партијата, општините Чаир и Скопје, каде има мала излезеност и, како што велат, наводи за поткуп во однос на мотивирање на граѓаните да не излезат на гласање. Во текот на изборниот ден, најголем број од пријавите за забелешки за изборниот процес биле во насока на нефункционалноста на голем број од уредите за електронска идентификација на гласачите.

– Помина денот на вториот круг од Локални избори за 2025 година, каде што за првпат претставник од Левица, учествуваше во изборниот процес за градоначалник на град Скопје. Задоволни сме од излезноста во урбаните средини. Исклучок, секако е Општина Чаир и Општина Сарај, каде што има неверојатно мала излезеност дури и наводи за поткуп во однос на мотивирање на граѓаните да не излезат на гласање што за нас е тешка повреда на изборното право, рече на вечерашната прес конференција портпаролот на Левица, Круме Богевски.






Тој додаде дека во текот на овој изборен процес се обиделе да покријат максимален број избирачки места со нивни набљудувачи.

– Во текот на изборниот ден, најголем број од пријавите беа во насока на нефункционалноста на голем број од уредите за електронска идентификација на гласачите. Па како и секоја година, изборна година идентификација со класичниот начин на идентификација со УВ ламби – рече тој.

Според нецелосните податоци на ДИК, во вториот круг на изборите за градоначалник на Скопје кандидатот на Левица Амар Мициновиќ освоил 57.645 гласови, при преброени 96% од гласовите.

Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, оствари убедлива победа во речиси сите скопски општини, со исклучок на Општина Центар, каде Мециновиќ освоил повеќе гласови.

Поврзани содржини