ИЗЛЕЗНОСТА ДО 17 ЧАСОТ ИЗНЕСУВА 44,18% Правото на глас го искористиле 397.612 избирачи

Најголема излезеност од 67,19% има во Новаци, а најмала во Пласница 15,5%.

243

Излезноста на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18%, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 1.788 избирачки места.

Од вкупно запишани 899.977 гласачи на овие избирачки места гласале 397.612 избирачи, односно 44,18%, информираше претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на редовната прес-конференција.






Најголема излезеност од 67,19% има во Новаци, а најмала во Пласница 15,5%.

– Гласањето досега се одвива мирно во сите избирачки места – соопшти Даштевски.

Во споредба со првиот круг од претседателските избори од 2019 година, до 17 часот на овие избори има поголема излезеност за околу 9%.

До ДИК досега се доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат правото на глас, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.

Поврзани содржини