ИЗЛЕЗЕТЕ ОД ВЛАДАТА, ВЕТУВАМ ДЕКА НИЕ НЕМА ДА ВЛЕЗЕМЕ Ахмети ја повика Вреди да премине во опозиција

За да го отстранат срамот од непочитување на волјата на Албанците на изборите, Вреди нека се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет на гласачите, додека ние, повторувам, нема да станеме дел од Владата, туку заедно да го прекинеме ова понижување што им се наметнува на Албанците и на другите заедници, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

880

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги откри и ги повтори своите 5 приоритети и ја повика коалицијата Вреди да ја напушти Владата, повикувајќи ги заедно да стават крај на понижувањето на Албанците и на другите.

„Почитувани граѓани, дозволете ми уште еднаш да повторам дека нашите приоритети вклучуваат: Евроинтеграци без никакво одлагање и без никакви двоумења како единствена алтернатива за нашата земја. Ветинг за сите политичари, судии, обвинители и носители на јавни функции, со меѓународен мониторинг. Верификација и контрола на имотот за сите носители на јавна функција во последните 33 години. Истрага за процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес. Почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со волјата на гласачите и на заедниците“, напиша Ахмети на Фејсбук.






Тој упати порака и до коалицијата Вреди:

„За да го отстранат срамот од непочитување на волјата на Албанците на изборите, Вреди нека се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет на гласачите, додека ние, повторувам, нема да станеме дел од Владата, туку заедно да го прекинеме ова понижување што им се наметнува на Албанците и на другите заедници“, порача Ахмети.

Поврзани содржини