ИЗЛЕЗЕНОСТА ДО 18:30 ЧАСОТ Е 46,55 ОТСТО Првите неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
Од ДИК нагласија дека гласањето се одвива без поголеми нерегуларности и дека конечните податоци за излезноста ќе бидат објавени по затворањето на гласачките места.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, информира дека до овој час своето гласачко право го оствариле 803.091 граѓанин на ниво на целата држава.
– Според последните податоци, обработени се 3.287 избирачки места, односно 94,62 проценти. На овие избирачки места запишани се вкупно 1.721.645 граѓани – изјави Кондарко.
Тој потсети дека на претходните локални избори во 2021 година, вкупниот одѕив заклучно со 19:00 часот бил 49,98 проценти, што покажува дека годинава интересот е нешто понизок.
Од ДИК нагласија дека гласањето се одвива без поголеми нерегуларности и дека конечните податоци за излезноста ќе бидат објавени по затворањето на гласачките места.
Информацијата за излезноста во првиот круг од овие локални избори до 19 часот ќе биде соопштена по полноќ.
Првите неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ.