Излезе „Златни мугри“, електро-поп EP на Waltz in Wires (АУДИО)
EP-то наречено според истoимената песна „Златни Мугри“ има четири траки со препознатливиот печат на Ајрулоски од неговиот претходен албум Reminiscence. Бас гитарата е на Јане Тодорски, а песните ги продуцираше Бранислав Настоски.
Динамичен њу-вејв како од 80тите, текстови на македонски јазик и моќни бас линии излегуваат од новото EP на проектот Waltz in Wires, зад кое стои охриѓанецот Санел Ајрулоски.
EP-то наречено според истoимената песна „Златни Мугри“ има четири траки со препознатливиот печат на Ајрулоски од неговиот претходен албум Reminiscence. Бас гитарата е на Јане Тодорски, а песните ги продуцираше Бранислав Настоски.
„Златни Мугри“ е издание за независниот музички издавач Шарла од Македонија. Досега Шарла има 70 изданија од разни домашни изведувачи. Слушнете ги Waltz in Wires подолу: