ИЗЛЕТАЛЕ ВО МОРЕТО ОД КЛИСУРА ВИСОКА 70 МЕТРИ! Четири жртви на страшна сообраќајка во Хрватска

Телата на жртвите, двајца мажи и две жени, биле извлечени од нуркачки екипи.

2,125

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на Јадранската магистрала во близина на Сењ. Патничко возило со загрепски регистарски таблички излета во морето кај населбата Буница, потврди тамошната полициска управа. Несреќата се случила кратко по 16:30 часот.

Како што соопшти Полициската управа Лика-Сењ, возило со загрепски регистарски таблички се движело од Риека кон Сењ кога, од засега непознати причини, возачот ја изгубил контрола при мало свртување налево. Автомобилот свртил надесно, удрил во два заштитни камени столба, паднал од патот во клисура длабока 70 метри и завршил во морето.






Итни служби веднаш биле испратени на местото на настанот, а во потрагата беа вклучени и нуркачи од Хрватската планинска служба за спасување од Госпиќ. Тие набргу го пронашле возилото во морето и ги извлекле телата од морето. Во автомобилот имало двајца мажи и две жени, чиј идентитет се утврдува. Според неофицијални информации, возилото било изнајмено на аеродромот „Д-р Фрањо Туѓман“, што укажува на можноста починатите да биле странски државјани, објави РТЛ.

Поврзани содржини