ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ И СЕ ПРЕВРТЕЛЕ Тинејџери завршија во болница по несреќата кај Шемшево

19-годишен возач и неговата 14-годишна сопатничка се повредени откако нивното возило излетало од коловозот на патот Желино – Сиричино. Полицијата вршела увид на местото на несреќата.

435

19-годишниот А.Ш. од село Шемшево, општина Јегуновце, се здобил со тешки телесни повреди, а неговата 14-годишна сопатничка со полесни повреди, откако синоќа возилото со кое се движеле излетало од коловозот на патот Желино–Сиричино, информира МВР.

Сообраќајната несреќа се случила на вчера околу 22:50 часот, кога патничко возило марка „Опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ш., излетало од патот под засега неутврдени околности. Двајцата повредени се пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им биле укажани лекарски услуги и биле констатирани нивните повреди.






На местото на несреќата извршен бил увид од екипа од СВР Тетово, а причините за несреќата сѐ уште се утврдуваат.

Поврзани содржини