ИЗЛЕТАЛ СО БМВ НА СРЕДНО ВОДНО Две лица се потешко повредени, а две се полесно
Повредените се пренесени во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ и во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде им се укажува лекарска помош.
Четири лица од Турција се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на локалниот пат Скопје – Средно Водно.
Како што информира полицијата, несреќата се случила околу 01:20 часот кога патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од 22-годишниот Х.И.Д. од Турција, со привремен престој во Скопје, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и 19-годишната сопатничка З.А., додека другите две сопатнички, 18-годишната Е.А. и 19-годишната А.И., поминале со полесни повреди.
„На местото на настанот веднаш беа упатени полициски службеници и медицински екипи, а повредените се пренесени во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ и во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде им се укажува лекарска помош. Полициски екипи извршија увид за утврдување на околностите во кои се случила несреќата“, соопштија од МВР.
Причините за несреќата се истражуваат, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.