ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И УДРИЛ ВО СООБРАЌАЕН ЗНАК Несреќа на автопатот Скопје-Велес

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Г., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, наведено е во блилтеот.

139

Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, после клучка Хиподром, 67-годишниот Б.Г. управувајќи патничко возило „цитроен” со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак, се вели во полицискиот билтен.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Г., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, наведено е во билтенот.

Поврзани содржини