Излегла да ја шета желката и заработила казна од 400 евра

Дамата даде необично објаснување, тврдејќи дека таа е излезена надвор да ја прошета својата желка - се вели во соопштението на карабиниерите.

790

Жителка на Рим посакала да ја прошета својата желка, така на Велики понеделник, жената го оправдала своето присуство на улицата пред карабиниерите, кои ја казнија со 400 евра.

Карабиниерите во населбата Канточела ја казниле жената откако откриле дека излегла на улиците без објаснување, и покрај воведувањето мерки за изолација, насочени кон запирањето на ширењето на новиот коронавирус.






– Дамата даде необично објаснување, тврдејќи дека таа е излезена надвор да ја прошета својата желка – се вели во соопштението на карабиниерите. Сепак, нејзиното објаснување не ги убеди карабиниерите кои патролирале, па поради тоа ја казниле со 400 евра.

Рекорден број казни биле изречени на Велики понеделник. Од извршените 252.148 инспекции, 16.545 случаи резултирале со парични казни за непочитување на правилата за ограничување на движењето.

Зголемувањето е за 20,2% во однос на Велигден, кога се регистрирани 13.756 случаи на непочитување на правилата за ограничување на движењето.

Поврзани содржини