ИЗЛЕАНОТО МАСЛО Е ПОСИПАНО СО ПЕСОК И СО ПИЛЕВИНА Ѓоргиевски бара Арсовска да постапи по еколошката хаварија во Пинтија
Апелирам до градот Скопје кој го издал елаборатот за работа и до сите надлежни институции да преземат мерки согласно Законот, во рамки на своите надлежности, вели градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва го повика Град Скопје да постапи по еколошката хаварија во Пинтија.
„Објект за производство на стиропор во Пинтија, со елаборат за заштита на животната средина издаден и одобрен од страна на Градот Скопје на 31.12.2021 година со број 08-10300/4, поради истекување хемикалии користени за потребите на производството, во текот на денешниот ден направи хаварија во овој дел на општината. Граѓаните немаат причина за вознемиреност зашто Општината ги презеде сите мерки за заштита. Од наша страна, иако не е во рамки на нашите надлежности, а во соработка со екипите на Противпожарната бригада од Скопје, обезбедивме пилевина и песок како најдобра солуција против пролизгување во вакви случаи на хаварија. Инспекторите од Кисела Вода веднаш излегоа на терен и констатираа протекување на хемикалии од вентил при дефект, кои се користеле за производството“, објави градоначалникот Ѓоргиевски на Фејсбук.
Апелирам до градот Скопје кој го издал елаборатот за работа и до сите надлежни институции да преземат мерки согласно Законот, во рамки на своите надлежности, додаде тој.