ИЗИЏЕТ ВЛЕГУВА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР Овој авиопревозник ќе го поврзе Скопје со Женева
Извршниот директор на турскиот ТАВ, кој управува со двата аеродрома во Македонија, Сани Сенер, неодамна рече дека и покрај тоа што е упориште на „Визер“, има простор за други играчи во земјата.
Нискобуџетниот авиопревозник изиЏет за претстојната зимска сезона ќе влезе на македонскиот пазар, така што ќе воведе авиоврска помеѓу Женева и Скопје, пишува „exyuaviation“.
Според информациите, на 1 ноември ќе започнат летовите и првично ќе се изведуваат двапати неделно, секој понеделник и петок, пред да се зголемат на три неделно од декември.
Авиокомпанијата не се соочува со директна конкуренција на рутата.
Таа ќе биде новата нискобуџетска авиокомпанија што ќе го опслужува скопскиот аеродром заедно со „Визер“ и „Пегасус ерлајнс“.
Извршниот директор на турскиот ТАВ, кој управува со двата аеродрома во Македонија, Сани Сенер, неодамна рече дека и покрај тоа што е упориште на „Визер“, има простор за други играчи во земјата.
– Скопје е веќе успешна база на „Визер“, но сметаме дека има значителна можност за други оператори – вели Сенер.