ИЗГОТВЕНА СТРАТЕГИЈА ЗА СОРАБОТКА СО СЗО Образовниот систем ќе има клучна во остварувањето на целите

Здравјето е основа на одржлив развој на секоја држава. Наша цел е да изградиме отпорен здравствен систем, заснован на еднаков пристап, превенција, дигитална трансформација и компетентни човечки ресурси., вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

47

Националната стратегија за соработка со Светската здравствена организација во следните 5 години ги утврдува здравствените приоритети на државата, кои ќе се реализираат во соработка со СЗО и агенциите на ОН, како УНИЦЕФ и УНФПА, преку клучните владини министерства, институции и граѓанското општество. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на презентацијата на Првата стратегија за соработка на СЗО со Македонија 2026–2030.

– Здравјето е основа на одржлив развој на секоја држава. Наша цел е да изградиме отпорен здравствен систем, заснован на еднаков пристап, превенција, дигитална трансформација и компетентни човечки ресурси. Неопходно е да ги унапредиме јавните политики, за да можат да одговорат на комплексните здравствени предизвици со кои се соочува Македонија. Во реализацијата на оваа важна и одговорна задача Министерството за здравство не е само – нагласи министерката Јаневска.






Преку подобрување на наставните програми, модернизација на лабораториите и практичните обука, поддршка за континуирана едукација на здравствените работници и соработка со универзитети и здравствени установи, Јаневска укажа дека воспитно-образовниот систем подготвува генерации со знаење, вештини и ставови потребни за препознавање, разбирање и ефективно справување со здравствените предизвици.

– Образованието има суштинска улога во развојот на систем што се грижи за сите и не остава никого зад себе. Училиштето формира вредности на еднаквост, развива чувство за грижа кон ранливите и создава капацитет за препознавање и спречување на насилство, занемарување и повреди, што е еден од приоритетите во Стратегијата – рече министерката Јаневска.

Таа се заблагодари на Светската здравствена организација за помошта во изготвувањето на Протоколот за реализација на настава во услови на топлотен бран, како и за обуките на околу 700 стручни соработници од основните и средните училишта за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата и младите во образовните, здравствените и загрижувачките институции и средини.

Стратегијата за соработка со СЗО е петгодишен документ дизајниран да ги поддржи нашите национални здравствени цели, обврските поврзани со пристапувањето кон ЕУ, како и глобалните Цели за одржлив развој. Мултиресорскиот пристап кон нејзината реализација е услов за градење здравствен систем што ги следи протоколите, истовремено темелејќи се на вредности како човечност, правичност и грижа.

Поврзани содржини