ИЗГОРЕ ВИЛАТА ОД 7 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА СЛАВНАТА МАНЕКЕНКА Родителите на Кара Делавињ сега ја открија причината за пожарот

Велелепната вила вредна 7 милиони долари на манекенката Кара Делевињ во Лос Анџелес изгоре пред неколку дена.

493

Велелепната вила вредна 7 милиони долари на манекенката Кара Делевињ во Лос Анџелес изгоре пред неколку дена.

Манекенката во моментот на пожарот била во Лондон, а сега нејзините родители откриле која е причината за несреќата.






– Настанал проблем со електричните инсталации, а таму е екстремно ветровито… – кратко изјавил за американскиот портал ТМЗ таткото на манекенката, Чарлс.

Мајката на Кара, Пандора, истакнала дека нејзината ќерка е многу вознемирена, бидејќи оваа куќа ја сметала за свој дом.

– Таа и беше сè. Таа куќа ја изгради, ја уреди, целиот нејзин живот и беше тука – истакнала Пандора за споменатиот медиум.

Потсетуваме, вилата на Кара од 6.650 метри квадратни беше зафатена од пожар на 15 март околу четири часот наутро. Имотот горел околу два часа, а пожарникар и еден маж завршија во болница по вдишувањето чад.

Манекенката се огласи по пожарот и им се заблагодари на пожарникарите и на сите за поддршката и грижата.

 

Поврзани содржини