📷 ИЗГОРЕ КУЌАТА НА ХАНТЕР БАЈДЕН ВО МАЛИБУ Останаа само 2 оџака од луксузниот имот, вреден 4 милиони долари
Неверојатно е ова што се случува. Мојот син и неговата сопруга беа известени дека најверојатно нивниот дом е изгорен, но денеска изгледа дека можеби сè уште стои, иако не сум сигурен, изјави 82-годишниот претседател на САД, Џо Бајден.
Куќата на Хантер Бајден; синот на претседателот на САД во заминување, Џозеф Бајден; изгоре до темел во пожарите во Малибу, објави Дејли мејл.
Во прашање е куќа која ја изнајмува Хантер Бајден за 15.800 долари месечно и има 3 спални соби, 3 бањи и панорамски поглед на океанот.
Куќата се наоѓа во Пацифик Палисадес кој најмногу настрада за време на катастрофалните пожари кои со денови го пустошат овој дел на Калифорнија.
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави претходно на прес-конференција, по неговото пристигнување во Санта Моника, Калифорнија, дека „не е сигурен за судбината на куќата на неговиот син“, но дека Хантер бил информиран дека е можно куќата да изгорела.
– Неверојатно е ова што се случува. Мојот син и неговата сопруга беа известени дека најверојатно нивниот дом е изгорен, но денеска изгледа дека можеби сè уште стои, иако не сум сигурен – изјави 82-годишниот претседател.
Сепак, ексклузивните фотографии на Дејли мејл покажуваат дека луксузната куќа, вредна 4 милиони долари, во која живее Хантер (54) со сопругата Мелиса Коен, е една од над 1.000 куќи кои беа уништени во пожарите кои моментално беснеат во Лос Анџелес.
Она што порано беше живописен дом, со бела фасада и со прозорци од подот до таванот, сега е само запалено место со два оџака кои сè уште стојат. Уништено е и студиото каде што сликал Хантер, кое било дел од гостински апартман со приватен балкон и поглед на океанот.
Покрај куќата на Хантер, во пожарот бил уништен и домот што го користел неговото обезбедување на Тајната служба. Изнајмувањето на таа куќа чинеше помалку од 16.000 долари месечно, што го плаќаа американските даночни обврзници.
Оваа куќа беше само еден од неколкуте луксузни имоти што Хантер ги изнајмуваше во последните години. Тој претходно живеел во шпанска куќа во Малибу, што го чинело 20.000 долари месечно, додека Тајната служба била сместена во уште полуксузен објект во близина за 30.000 долари месечно.
И покрај загубата на неговиот дом, 2025 година започна со позитивна нота за Хантер откако неговиот татко го помилува минатиот месец, затворајќи ги сите правни проблеми што го опфатија.
Помилувањето ги опфаќа сите злосторства што Хантер можеби ги извршил помеѓу 2014 и 2024 година, вклучувајќи и даночни пресуди и лажно пријавување при купување пиштол. Хантер, наместо затворска казна, остана на слобода.
Ексклузивните фотографии на Дејли мејл, кои ја покажуваат изгорената куќа на Хантер Бајден, можете да ги погледнете тука.
📽 ПОЖАРОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ПУСТОШИ ПО ХОЛИВУД Познатите ѕвезди останаа без покрив над главата