ИЗГОРЕ КУЌА ВО МЛАДО НАГОРИЧАНЕ Тешка ноќ за кумановските пожарникари

Кумановските и пожарникарите Старо Нагоричане со три возила и осум пожарникари го изгасиле пожарот во кој е предизвикана материјална штета.

50

Семејна куќа била опожарена ноќеска во Младо Нагоричане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Кумановските и пожарникарите Старо Нагоричане со три возила и осум пожарникари го изгасиле пожарот во кој е предизвикана материјална штета.






Пожарот бил пријавен прво во ТППЕ Куманово, на терен се упатиле едно возило со петмина пожарникари. По еден час во интервенцијата се приклучиле и две возила на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане со тројца пожарникари.

Пожарот бил изгаснат во 02:25 часот.

– Причината за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат – информираат од РЦУК Куманово. 

Поврзани содржини