ИЗГЛЕДА НЕВЕРОЈАТНО ВО БИКИНИ НА 61 ГОДИНА Поради кариерата поранешната супермоделка со години трпела болки

Јасмин Ле Бон (61) ужива на Сардинија со сопругот Сајмон, но зад нејзиниот впечатлив изглед стојат години напорна работа и хронични болки како последица од манекенската кариера.

0

Јасмин Ле Бон на 61 година повторно привлече внимание со својот изглед. Поранешната британска манекенка е фотографирана за време на одморот на Сардинија со сопругот Сајмон Ле Бон, пејачот на групата Дјуран Дјуран, а во црн бикини изгледа неверојатно.

Јасмин и Сајмон, кој има 67 години, уживале во денот покрај морето во друштво на пријатели. По престојот на плажата, со мал чамец се упатиле кон јахтата, каде што продолжиле со дружењето. Парот се капел во Средоземното Море, се сончал и уживал на палубата. Фотографиите од нивниот одмор ги објавија и американските медиуми.






Сепак, Јасмин зад себе има кариера која оставила и сериозни физички последици. Таа неодамна отворено зборуваше за хроничните болки во грбот и призна дека поради долгогодишната работа во манекенството „платила цена“.

Во интервју за Hello! раскажа дека имала периоди кога болките биле толку силни што едвај можела да оди и не можела нормално да ги извршува секојдневните активности.

Особено тешки, според неа, биле снимањата во 1980-тите. Со часови морала да позира во високи потпетици, а од моделите се барало да изведуваат и движења налик на балетски скокови, често на тврди подлоги. Денес смета дека дел од тие барања повеќе не би се сметале за нормални во модната индустрија.

– Имав периоди во животот кога сè стана навистина депресивно бидејќи не можев да одам без болка, не можев ништо да работам и беше навистина тешко – раскажа Јасмин.

Таа објасни и дека со текот на времето научила да живее со одредено ниво на болка и да го приспособува начинот на кој ги извршува работите. И покрај тешкотиите, Ле Бон и денес останува активна во модниот свет. Соработува со британскиот бренд George, а неодамна во заеднички разговор со својата ќерка Амбер зборуваше за модата, семејството и стареењето.

Јасмин во светот на модата влегла многу млада. Моден скаут ја забележал во Оксфорд кога имала само 17 години, а набргу потоа потпишала договор со агенцијата Models 1. До 19 години веќе била меѓу најплатените модели на своето време. Во текот на кариерата соработувала со големи имиња како Chanel, Dior и Versace и се појавувала на насловните страници на најпознатите модни списанија.

Нејзиниот приватен живот пак со децении е поврзан со светот на музиката. Јасмин и Сајмон се запознале во 1984 година, откако тој ја видел нејзината фотографија и преку агенцијата се обидел да дојде до нејзиниот број. Се венчаа во 1985 година, кога таа имаше 21 година, а во бракот добија три ќерки – Амбер, Сафрон и Талула. Минатата година прославија 40 години брак.

Иако се заедно повеќе од четири децении, Јасмин неодамна на шеговит начин откри што е една од причините поради кои сè уште е со Сајмон.

– Сè додека ме засмејува, ќе го задржам – рече таа.

 

Поврзани содржини