ИЗГЛЕДА НЕРЕАЛНО НА 76 ГОДИНИ Музичката дива прошета во хеланки и во високи потпетици
Носела хеланки кои ја оцртувале нејзината тенка фигура, палто и топ, а изгледот го надополнила со црни високи потпетици и чанта.
Пејачката и актерка Шер прошетала по улиците на Лос Анџелес и ја покажала својата завидна фигура која што ја одржува на 76 години.
Носела хеланки кои ја оцртувале нејзината тенка фигура, палто и топ, а изгледот го надополнила со црни високa полна пета и чанта.
Иако важи за икона во светската музичка индустрија, Шер не престанува да изненадува со неверојатниот изглед и во осмата деценија од животот.
View this post on Instagram
„Ова не е реално!“, „Жената изгледа 30 години помладо“, „Каква кралица, никој не ѝ е рамен“, „Вау, дали е ова реално!“, се само некои од коментарите на обожавателите на Шер.
Шер веќе претходно откри дека за нејзиниот изглед најзаслужни се редовното вежбање и правилната исхрана, а исто така додала и дека не пуши ниту пие алкохол.
„Не сакам месо и повеќето работи што ги јадам се здрави“, рече таа во интервју пред две години.
„Млечните производи не се добри. Ако треба да консумирам млеко, ќе изберам немасно. Сирењето го сметам за најлошото нешто за организмот. Тоа е масно и го крева нивото на холестерол во крвта“, објаснила пејачката.
„Тестенините ми даваат многу енергија, како и овошјето како бананите, папаите и нектарините бидејќи содржат многу шеќер, но не е рафиниран. Тоа е нешто што отсекогаш сум го консумирала и едноставно уживам“, заклучила таа.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм